среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 64
home Вести

САД бара Турција да гарантира дека нема да го користи рускиот С-400

САД бара Турција да гарантира дека нема да го користи рускиот С-400

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека САД побарале од Анкара да гарантира дека нема да активира руски одбранбен С-400. САД претходно се заканија со санкции против Турција која е членка на НАТО.

По судирите во сириската покраина Идлиб оваа година, Анкара побара од Вашингтон да го распореди американскиот одбранбен систем „Патриот“ на на границата на земјата со Сирија поради заштита.

САД соопштија дека се подготвени да обезбедат оружје за Турција за воени операции во Идлиб, како и дека вршат проценка на барањето на земјата за купување на системот „Патриот“.

Коронавирус