сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 36
home Вести

САД: Aплицирани речиси 413 милиони вакцини против Ковид-19

САД: Aплицирани речиси 413 милиони вакцини против Ковид-19

Во САД се аплицирани 412.856.169 дози вакцина против Ковид-19, а уште 503.521.625 дози се испратени во центрите за вакцинација. Ова го објавија американските центри за контрола и превенција на болести.

Најмалку една доза од вакцините била дадена на 220.145.796 лица, а 190.402.262 лица биле целосно вакцинирани. Податоците се за вакцините со две дози на Фајзер/Бионтех и за Модерна и вакцините со единечна доза на Џонсон и Џонсон.

Околу 13 милиони луѓе добиле засилувачки дози на вакцини Фајзер и на Модерна од 13 август, кога САД дозволија да им се даде трета доза на луѓе со компромитиран имунолошки систем, кои најверојатно ќе имаат помала заштита од вирусот.

Коронавирус