недела, 5. декември 2021. Вести денес: 92
home Вести

Руско МНР: Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во Тихиот Океан

Руско МНР: Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во Тихиот Океан

Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17. до 23 октомври, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Како што пренесуваат странските медиуми, Москва и Пекинг, кои организираа вежби за поморска соработка во Јапонското Море во октомври, одржуваа поблиски воени и дипломатски врски во последниве години во време кога нивните односи со Западот се влошија.

Поморските маневри беа внимателно следени од Јапонија, која на почетокот на неделава објави дека група од 10 бродови од Кина и Русија пловеле низ теснецот Кугару, кој го дели главниот јапонски остров од северниот остров Хокаидо, пренесува „Гласот на Америка“.

„Група бродови за првпат поминаа низ теснецот Кугару како дел од патрола“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Теснецот се смета за меѓународни води.

„Задачите на патролата беа да ги демонстрира руското и кинеското национално знаме, да го одржува мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион и да се грижи за субјектите на поморската економска активност на двете земји“, додаде руското Министерство.

Коронавирус