петок, 3. декември 2021. Вести денес: 136
home Вести

Руските власти поднесоа нова кривична пријава против Навални

Руските власти поднесоа нова кривична пријава против Навални

Руските власти поднесоа нова кривична пријава против опозицискиот лидер Алексеј Навални, како дел од владините акции против него и неговиот тим пред претстојните парламентарни избори во Русија.

Рускиот истражен комитет денеска објави дека го обвинува Навални за формирање непрофитна организација што ги крши човековите права – кривично дело за кое се предвидува казна затвор до три години.

Официјални лица велат дека опозициската Фондација за борба против корупцијата е основана пред 10 години и оттогаш објавила десетици видеа со кои се открива наводна корупција од високи владини претставници, со кои ги ги охрабриле Русите да „преземат илегални дејствија“, повикувајќи ги да се вклучат во нелегални протести во јануари. (МИА)

Коронавирус