недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Руските експерти ја открија тајната, еве што велат тие за уништувањето на коронавирусот

Руските експерти ја открија тајната, еве што велат тие за уништувањето на коронавирусот

Eксперти од рускиот Државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ спроведоа истражување за можноста на коронавирусот да живее во вода.

-Околу 99,9 проценти од неговите честички умираат на собна температура на водата за 72 часа – соопшти прес-службата на Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот.

Како што пренесува руската агенција ТАСС, докажано е дека вирусот не се размножува во дехлорирана и солена вода, но може да се зачува.

Времето на деактивирање на новиот коронавирус директно зависи од температурата на водата.

Во вода на собна температура 90 отсто од вирусот Ковид-19 угинува во рок од 24 часа, а 99,9 отсто во рок од 72 часа, се наведува во соопштението.

Врелата вода доведува до негова целосна деконтаминација и истребување, додека во хлорирана вода коронавирусот целосно ја губи одржливоста.

– Како што температурата на водата се зголемува, бројот на одржливи честички на вирусот значително се намалува – се додава во соопштението.

Коронавирус