петок, 25. септември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Руски свештеник сака луксуз: Чанта од 3.400 и часовник од 30.000 долари (ФОТО)

Руски свештеник сака луксуз: Чанта од 3.400 и часовник од 30.000 долари (ФОТО)

Рускиот православен свештеник Вјачеслав Баскаков сака луксузна гардероба и тоа до пред извесно време со задоволство го споделуваше со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а меѓу омилените брендови му се „Гучи“ и „Луј Витон“.

Меѓутоа, поради бројните критики, тој го избриша својот налог. На свештеникот или на неговиот надреден не му се допадна медиумското внимание, кое го доби поради љубовта кон скапоцената облека и чантите.

Неговите следбеници можеа да видат дека тој, освен чевли и чанти од брендот „Гучи“, од кои една чини дури 3.400 долари, сака и влечки, чанти и куфери од брендот „Луј Витон“. Интересно е што чевлите на „Гучи“ ги искомбинира со женска чанта од истиот бренд. Чевлите на една од фотографиите чинат повеќе од илјада долари.

Црковните поглавари го осудија таквото однесување на Баскаков и наведоа дека ќе мора да одговара пред дисциплинска комисија.

– Се надевам дека овој свештеник ќе се вразуми, рече портпаролот на рускиот патријарх Кирил.

Тој додаде дека животот на православниот свештеник не може да се подели меѓу лично и јавно, но порача „дека ниту еден свештеник не може да работи како свештеник во црква од појадок до ручек, а потоа да биде кој и да посака од ручек до вечера“.

Ова не е првпат овој свештеник да се расфрла. Пред неколку години, во 2012 година, тој на Инстаграм постави фотографија на која на одраз на масата се гледаше дека има часовник од брендот „Бригет“ вреден 30.000 долари.

Неговите асистенти несмасно го „избришаа“ часовникот од раката, но заборавиле да го отстранат одразот на часовникот на дрвената маса.

Црквата потоа се извини, а и самиот Баскаков, кој рече дека му е жал за фотографијата, укажувајќи дека ќе ги сноси последиците и ќе ја прифати секоја казна, која ќе му ја одредат за такво однесување „бидејќи не се однесувам понизно и соодветно”.

Тогаш негираше дека поседува модни додатоци од куќите „Гучи“ и „Луј Витон“, тврдејќи дека сите фотографии се создадени во овие продавници и дека тој не ги поседува сите тие работи.

Во една прилика тој, исто така, рече дека на обични чевли им шие шноли за да потсетуваат на оние на „Гучи“.

– Ова се евтини чевли, само изгледаат екстравагантно, рече тој.

Коронавирус