понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 81
home Вести

Руски новинар убиен во Киев

Руски новинар убиен во Киев

Рускиот новинар Аркадиј Бабченко е убиен од огнено оружје во близина на својата куќа во Киев, пренесува Тасс.

Тој загинал како последица од прострелните рани.

Како што пренесува руската агенција, Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека во центарот на Киев е ранет државјанин на Руската Федерација, кој е роден во 1977. година.

-Од здобиените рани тој загина во автомобилот на Итната медицинска помош. Страданиот е водител на една телевизија, се вели во соопштението.

Украинската агенција УКРИНформ исто така ја пренесе веста дека е убиен Бабченко, повикувајќи се на порака на твитер на еден од вработените во украинскиот Парламент.

Десет часа пред информацијата за убиството, Бабченко напича дека денеска му е „втор роденден“ зашто на тој ден пред четири години можел да загина во хеликоптер кој бил соборен на планината Карач, но оти не бил примен на тој лет зашто немало место на леталото.

Работеше како воен дописник во за „Нова газета“, соработуваше со Првиот канал на руската телевизија, а известуваше за судирите меѓу Грузија и Јужна Осетија.

Во Киев водеше програма „Прајм Бабченко“ на каналот АТР.