понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 118
home Вести

Руски борбен хеликоптер се урна во Балтичко Море

Руски борбен хеликоптер се урна во Балтичко Море

Руски транспортно-борбен хеликоптер од типот Ка-29 се урна денеска во водите на Балтичкото Море, при што загинаа двајцата членови на екипажот на леталото.

Како што соопшти Балтичката флота на руската Воена морнарица, хеликоптерот се урнал за време на вежбовен ноќен лет, при поволни временски услови.

Причините за падот на леталото засега не се познати.

Во тек е операција на руската армија за пронаоѓање на остатоците на урнатиот хеликоптер.

Коронавирус