понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Руската Влада ги вклучи вакцините против Ковид-19 на списокот на основни лекови

Руската Влада ги вклучи вакцините против Ковид-19 на списокот на основни лекови

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ со кој вакцините против коронавирусот се ставени на списокот на основни лекови, објави денеска прес-службата на Кремљ.

Списокот на основни лекови (ЕДЛ) ќе биде дополнета со 25 нови ставки, вклучително и вакцини против коронавирусот, се наведува во соопштението.

Цените на лековите од ЕДЛ ги регулира Владата, соопшти прес-службата и додаде дека тие лекови се издаваат бесплатно на лица кои имаат бенефиции.

Коронавирус