недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 66
home Вести

Руската вакцина за коронавирусот ја помина првата фаза од развојот

Руската вакцина за коронавирусот ја помина првата фаза од развојот

Полската опозициска претседателска кандидатка Маргожата Кидава-Блонска денеска побара претстојните претседателски избори во земјата да се одложат додека трае кризата со коронавирусот, јави ДПА.

Полските претседателски избори се закажани за 10 мај, а вториот круг треба да се оддржи на 24 мај доколку во првиот нема видлив победник.

Но, откако замре јавниот живот во земјата поради кризата со коронавирусот, претседателската кандидатка Кидава-Блонска денеска е последната политичка фигурна која побара одложување на изборите до есен.

-Овие избори мора да се одржат подоцна. Имаме криза со која мора да се бориме, изјави Кидава-Блонска, кандидатката на Либерално-конзервативната алијанса „Граѓанска платформа“ за весникот „Респополита“.

Владеачката полска национално-конзервативна партија Право и правда, чиј кандидат, актуелниот претседател Андреј Дуда, води во сите анкети на јавното мнение, се спротивставува на каков било разговор за одложување на изборите, наведува германската агенција.

-Мора да сториме сè за да се осигураме дека изборите можат да се одржат на 10 мај, изјави денеска вицепремиерот Јарослав Гоуин за агенцијата ПАП.

Јавниот живот во Полска замре пред 10 дена во обидот да се спречи ширењето на коорнавирусот, со забраната за јавни собири, затворањето на училиштата, рестораните и продавниците, освен аптеките и оние што продаваат храна, пренесе ДПА.

Коронавирус