сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 76
home Вести

Руската вакцина ќе штити од коронавирус најмалку две години

Руската вакцина ќе штити од коронавирус најмалку две години

Вакцината, создадена во Научноистражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеја“, ќе биде ефективна против коронавирусот во период од две години. Ова го најави шефот на истражувачкиот институт Александар Гинцбург.

„Трајноста на вакцината, нејзините заштитни својства нема да траат краток период од шест месеци или една година, туку најмалку две години“, истакна Гинцбург во емисијата „60 минути“ на ТВ-каналот „Русија 1“, пренесува „Росијскаја газета“.

На 11 август Русија беше првата земја во светот која регистрира вакцина против коронавирус. Развојот траеше 5 месеци.

Коронавирус