четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Руската компанија „Росатом“ исфрлена од градба во чешката нуклеарка „Дуковани“

Руската компанија „Росатом“ исфрлена од градба во чешката нуклеарка „Дуковани“

Руската компанија „Росатом“ нема да може да учествува на тендерот за изградба на нова енергетска единица во чешката нуклеарна централа „Дуковани“, дури и како подизведувач, изјави денеска чешкиот вицепремиер Карел Хавличек.

-Чешките власти официјално ќе ја отстранат руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ од списокот на понудувачи за изградба на новата енергетска единица во нуклеарната централа „Дуковани“, на југоистокот од земјата, изјави чешкиот вицепремиер и министер за индустрија и трговија.

„Во следните денови, тие (Росатом) ќе бидат исфрлени од списокот на компании што беа избрани за да учествуваат на тендерот“, изјави Хавличек за весникот „Право“, пренесе Тасс.

-Руската компанија нема да може да учествува на тендерот дури и како подизведувач, истакна Хавличек.

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, во неделата ја поддржа забраната за учество на „Росатом“ на тендерот за изградба на новата енергетска единица во нуклеарната централа „Дуковани“, откако беа разјаснети околностите поврзани со експлозијата во Врбетице во 2014 година.

Чешки официјални лица тврдат дека 18 руски дипломати учествувале во операцијата на руската воена разузнавачка служба (ГРУ) во 2014 година, кога во магацинот за муниција во Врбетице била подметната експлозија, во која загинаа две лица.

Коронавирус