четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 141
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Русин уби човек, а кога ќе дознаете зошто, ќе барате да не одлежи ниту еден ден затвор

Русин уби човек, а кога ќе дознаете зошто, ќе барате да не одлежи ниту еден ден затвор

Владимир Санкин, механичар од градот Уфа во Русија, убил осуден педофил и сега му се заканува затворска казна до 15 години, пренесува Метро.

Имено, 54-годишниот Владимир Зајцев киднапирал момче и му се заканувал дека ќе го распарчи со секира ако не се соблече.

Две момчиња дошле во станот на педофилот да се загреат, а кога влегле, од двајцата побарал да се соблечат. Сепак, едното момче успеало да избега и за тоа го известил Санкин.

Во паника, му пришол и му раскажал сè што се случило. Санкин без размислување отишол во станот и го слушнал момчето како плаче. Го ослободил, а потоа го извадил педофилот надвор и го тепал со дрвен стап сè додека не пристигнала полицијата.

Зајцев, кој им подлегнал на повредите, неодамна отслужил затворска казна за сексуален напад на деца.

„Не очекував дека ќе умре. Спасив две деца… од него“, вели Санкин.

Тој бил приведен и обвинет за намерно нанесување телесни повреди што резултирало во смрт на жртвата од невнимание.

Сепак, јавноста го поддржува и бара обвинението да се отфрли.

Десетици илјади луѓе потпишаа петиција во која се бара ослободување на Санкин. Во описот на петицијата се вели дека педофилот починал удирајќи ја главата при падот. Сопругата на Санкин целосно го поддржува, а адвокатот се надева дека судот ќе ги земе во предвид околностите на убиството.

Тој во моментов е во куќен притвор и ќе остане така до крајот на истрагата.

Коронавирус