среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Русин уапсен во Германија поради шверц на околу 12 милиони цигари

Русин уапсен во Германија поради шверц на околу 12 милиони цигари

Полицијата во северниот германски пристанишен град Кил приведе руски државјанин, кој е осомничен дека во Германија прошверцувал околу 12 милиони цигари.

Во соопштение на полицијата се посочува дека 43-годишниот руски шверцер бил приведен при рутинска контрола.

Полицијата го сомничи Русинот дека со своите активности како припадник на криминална шверцерска група, во периодот од 2009 до 2011 година и нанел загуби на германската даночна управа во износ од околу 1,67 милиони евра. (МИА)

Коронавирус