петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 174
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

home Вести

РУСИЈА РУШИ РЕКОРДИ: Над 900 починати и 27.246 новозаразени за еден ден

РУСИЈА РУШИ РЕКОРДИ: Над 900 починати и 27.246 новозаразени за еден ден

Во Русија во изминатите 24 часа починале 936 луѓе како последица на Ковид-19, што е нов најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

Стапката на вакцинација во таа земја е ниска, а Владата во Москва се уште не ги заострува рестриктивните мерки.

Трет ден по ред, бројот на починати во Русија надминува 900, соопшти Кризниот штаб. Бројот на лица заразени и починати од последици од коронавирусот драстично се зголеми кон крајот на септември, а властите ја наведоа ниската стапка на вакцинација.

Во текот на денешниот ден се регистрирани уште 27.246 новозаразени лица, што е помалку од вчера. Русија има најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа, 214.000, а вкупно околу 7,7 милиони се инфицирани. Околу 33 проценти од 146 милиони граѓани на Русија примиле барем една доза вакцина, а околу 29 отсто се целосно заштитени.

Кремљ одлуките за затворање и нови мерки им ги префрли на локалните власти. Експертите наведуваат дека реалните бројки се значително поголеми. (МИА)

Коронавирус