вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Русија првпат регистрира над 23.000 случаи на Ковид-19

Русија првпат регистрира над 23.000 случаи на Ковид-19

Во Русија првпат од почеток на пандемијата се регистрирани над  23.000 случаи на коронавирус, соопшти Оперативниот штаб за борба против ширење на вирусот.

Како што се наведува, во последните 24 часа во Русија потврдени се 23.610 новозаболени во 85 региони од кои 6.078 се без клинички симптоми.

Најмногу заболени се откриени во Москва – 6.438 и Санкт Петерсбург – 2.312.

Починале 463 лиц во наведениот переиод.

Од почеток на епидемијата во Русија се регистрирани вкупно 2.015.608 случаи на коронавирус, а починале 34.850 лица.

Коронавирус