сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Русија покрена кривична истрага за соборувањето на Иљушин

Русија покрена кривична истрага за соборувањето на Иљушин

Руски истражен комитет денеска покрена кривична истрага за соборувањето на рускиот авион од типот Иљушин над Средоземното море, соопшти портпаролката на Комитетот, Светлана Петренко.

– Истражен судија и форензичари од Комитетот работат на лице место, заедно со претставници на руското Министерство за одбрана, рече Петренко.

Во моментов се утврдуваат точните околности во кои е соборен Иљушин „ИЛ – 20“ во кој загинаа 15 руски војници.

Моментално е познато дека авионот бил на пат кон воздухопловната база Хмејмим, и дека контактот со екипажот бил изгубен во 23 часот во понеделникот.

Во моментот кога Иљушин исчезнал од радарот, четири израелски авиони Ф-16 дејствувале врз цели во покраината Лакатија во Сирија.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека сириската противоздушна одбрана го соборила авионот. (МИА)

Коронавирус