недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Русија подготвена за извоз на лекот авифавир

Русија подготвена за извоз на лекот авифавир

Поради недостигот на лекови против Ковид-19 во светот, Рускиот директен инвестициски фонд (РДИФ) е подготвен да го извезува лекот „афифавир“, а одлуката е донесена откако САД решија да ги купат речиси сите светски резерви во наредните месеци од лекот ремедивир, користен за истата намена.

Нагласувајќи дека „авифавир“ е подобар од конкуренцијата во однос на ефикасноста, вклучително и „ремдесивир“, генералниот директор на РДИФ, Кирил Димитријев, изјави дека повеќе од 50 држави во светот веќе изразиле интерес за рускиот лек, пренесува ТАСС.

– Во соработка со фармацевтската компанија „Кемрар“, производството и достапноста на „авифавир“ во светот ќе се прошират во наредните месеци, дополни Димитријев.

Коронавирус