четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Вести

Русија подготвена да помогне на Авганистан, но не и да ја признае талибанската влада

Русија подготвена да помогне на Авганистан, но не и да ја признае талибанската влада

Русија, Кина и Пакистан се подготвени да дадат помош за Авганистан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, но Москва се уште не е подготвена да ја признае талибанската влада.

Ветувањето за хуманитарна и економска поддршка беше објавено по разговорите меѓу руски, кинески и пакистански претставници, на кои на состанокот во среда ќе им се придружат и претставници на новите авганистански власти.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ги признае талибанците додека не ги исполнат ветувањата што ги дадоа кога ја презедоа власта, како што е политичката и етничката инклузивност на новата влада.

Критичарите велат дека талибанците се откажуваат од своите тврдења дека нема да ги задушат женските права и малцинства, ниту дека нема да ги прогонуваат непријателите.

– Официјалното признавање на талибанците се уште не е тема на дискусија. Како и повеќето влијателни земји во регионот, ние сме во контакт со нив. Ги охрабруваме да ги исполнат ветувањата што ги дадоа кога дојдоа на власт, рече Лавров.

Замир Кабулов, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан, минатата недела рече дека не очекува голем напредок од разговорите во среда.
САД најавија дека нема да им се придружат овој пат, но планираат да го сторат тоа во иднина.
Талибанците ја преземаа власта во август, откако САД и сојузниците ги повлекоа своите сили, по 20 години во таа држава. (МИА)

Коронавирус