сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 48
home Вести

Русија подготвена да го прифати предлогот на ЕУ за взаемно признавање на вакцините

Русија подготвена да го прифати предлогот на ЕУ за взаемно признавање на вакцините

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, порача дека Русија е отворена за предлогот на Европската Унија за меѓусебно признавање на вакцините и сертификатите за имунизација против Ковид-19.

Ајде да разговараме со Русија за взаемно признавање на вакцините и сертификатите – се наведува во неодамнешниот предлог на Европската комисија.

Европската агенција за лекови се уште нема одобрено употреба на вакцината „Спутник В“ во земјите од Европската Унија, но Унгарија и Словачка ја набавија најпознатата руска вакцина против корона вирусот.

Коронавирус