петок, 7. август 2020. Вести денес: 116
home Вести

Русија: Одобрен нов антивирусен лек за третман на заболени од Ковид-19

Русија: Одобрен нов антивирусен лек за третман на заболени од Ковид-19

Русија одобри нов антивирусен лек „Коронавир“ за третман на пациенти со Ковид-19, објави руската фармацевтска компанија Р-Фарм, додека бројот на заразени лица во таа земја надмина 700.000.

Во соопштението на Р-Фарм, која го разви Коронавир, се вели дека станува збор за клиничко испитување, кое вклучувало благи до средно тешки случаи.

„Коронавир“ е еден од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот САРС-КоВ-2, туку против самиот вирус“, наведува Р-Фарм.

Клиничката студија покажала подобрување кај 55 проценти од пациентите, кои не биле хоспитализирани, на седмиот ден од третманот со Коронавир, во споредба со 20 проценти од оние кои примале стандардна терапија.

До петиот ден од третманот, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77,5 проценти од пациентите кои земале Коронавир, тврди Р-Фарм.

– Глобалната клиничка пракса и клиничката студија што ја спроведовме потврдија дека Коронавир многу побрзо ја запира инфекцијата на вирусот, изјави Михаил Самсонов, медицински директор на Р-Фарм.

Тестирањето почнало кон крајот на мај, а досега повеќе од 110 пациенти биле третирани со тој лек, изјави директорката за клинички испитувања при рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија, Татјана Рјаженцова.

Ова е трет лек регистриран во Русија за третман на новиот коронавирус. Првиот, Авифавир, се дава на пациенти од 11 јуни. (МИА)

Коронавирус