четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Русија негира дека имало средба меѓу разузнавачи на Сирија и САД

Русија негира дека имало средба меѓу разузнавачи на Сирија и САД
epa04522713 Russian Deputy Foreign Minister Mikhail Bogdanov arrives at Dama Rose hotel in Damascus, Syria, 10 December 2014. According to media reports, Bogdanov will hold talks with the Syrian leadership on ways of gathering all sides for dialogue on settling the four-year-long crisis in the country. He is expected to meet Syrian President Bashar Assad and Foreign Minister Walid al-Moallem. EPA/YOUSSEF BADAWI

Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов денеска ја негираше веста дека во јуни дошло до средба меѓу високи разузнавачки офицери на САД и Сирија, јави новинската агенција ТАСС.

– Ние немаме таква информација. Сметам дека тоа се, како и обично, лажни вести, изјави Богданов на средба со новинари, прашан за тврдењето на либанскиот весник „Ал Ахбар“ за наводната средба. Според веста во либанскиот весник, американската делегација допатувала во Дамаск во јуни и имала средби со сириски претставници.

Русија е главен безбедносен заштитник на сириските власти, додека САД повеќе години беше на став дека нејзина цел е смена на претседателот Башар ал Асад. Веста доаѓа во време на повторно зголемени тензии, кога сириската армија и нејзините руски и ирански сојузници се подготвуваат за офанзива врз бунтовничката област Идлиб, додека западните земји предупредија на опасноста од нови хемиски напади врз бунтовниците и најавија дека на тоа ќе одговорат со сила. (МИА)

Коронавирус