вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Русија не сака Германија да биде посредник во кризата со Украина

Русија не сака Германија да биде посредник во кризата со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, го отфрли предлогот на Германија да посредува во кризата меѓу Москва и Киев, до која дојде откако неодамна Русија заплени три украински воени бродови, заедно со екипажот близу Крим.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, во четвртокот предложи дека ОБСЕ да ја прошири својата набљудувачка мисија во источна Украина до Азовското Море. Планот треба да се разгледува во вторник во Берлин, на состанокот на претставници на Германија, Франција, Русија и Украина.

– Нема потреба од набљудувачи и медијатори кога станува збор за Азовското Море и Керченскиот Теснец, рече тој на состанокот на ОБСЕ во Милано.

– Маас и другите партнери, наместо тоа, треба „да ги убедат Американците да дојдат на преговарачка маса и да почнат да зборуваат конкретно (за контрола на оружјето), а не да нè обвинуваат нас од преку за Атлантикот”, рече шефот на руската дипломатија.

Москва и Вашингтон ги разменуваат обвинувања за кршење на Договорот за елиминација на нуклеарни проектили со среден дострел.(МИА)

Коронавирус