недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Русија на крајот на јуни почнува со тестирање на вакцината против коронавирус

Русија на крајот на јуни почнува со тестирање на вакцината против коронавирус

Директор на голем руски истражувачки центар денеска му рекол на претседателот Владимир Путин дека од јуни неговата лабораторија е подготвена да тестира луѓе за експерименталната вакцина против коронавирус.

На средбата на Путин со директорите на главните руски истражувачки центри, Ринат Максутов, директор на државната лабораторија Вектор, ја најави првата фаза од клиничките испитувања на трите вакцини за 29 јуни на примерок од 180 волонтери.

„Волонтерските групи веќе се формирани. Добивме повеќе од 300 пријави“, рекол Максутов.

Тој додаде дека научниците развиле прототип на вакцини врз основа на шест технолошки платформи во лабораторија во близина на сибирскиот град Новосибирск. Тие во моментов се тестираат на глувци, зајаци и други животни за да се утврди вистинскиот прототип до 30 април.

Тој објасни дека претклиничкото тестирање ќе трае до 22 јуни, а потоа ќе започне и тестирање на луѓе.

Ринат Максутов исто така рече дека првото тестирање со луѓе може да започне уште во мај „доколку биде одобрено од Министерството за здравство“.

Според него, Вектор има вакцини и за други болести кои би можеле да се користат за развој на вакцина против коронавирус.

Лабораторијата Вектор спроведувала тајни истражувања за биолошко оружје за време на Советскиот период и располага со примероци од разни вируси, од сипаници до ебола.

Во Русија моментно има 7497 заразени, а 58 лица починале од новиот коронавирус.

Коронавирус