петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Русија: Клиничкото испитување на вакцина за Ковид-19 ќе трае околу 90 дена

Русија: Клиничкото испитување на вакцина за Ковид-19 ќе трае околу 90 дена

Клиничките испитувања на руската вакцина против коронавирус, развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј, ќе траат околу еден месец и половина, објави новинската агенција ТАСС.

Очекуваното времетраење на клиничкото испитување на вакцината е околу еден месец и половина, а волонтерите ќе останат во болница 28 дена, потврди директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј.

Волонтери ќе ја примат вакцината поделена на две дневни дози во период од 21 ден.

На 2 јуни, Министерството за одбрана на Русија објави дека две групи на волонтери биле избрани за да учествуваат во клиничките испитувања на вакцината. Првата група ја сочинуваат 50 војници, вклучително и пет жени, на возраст меѓу 25 и 50 години, кои доаѓаат од различни единици од цела Русија. Другата група волонтери вклучува десет медицински работници, вклучувајќи тројца лекари.

Коронавирус