петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 116
home Вести

Русија ќе го направи најмоќниот нуклеарен мразокршач во светот

Русија ќе го направи најмоќниот нуклеарен мразокршач во светот

Во Русија ќе биде направен најмоќниот нуклеарен мразокршач во светот. Проектот за Lider е одобрен, а договорот е потпишан преку видеолинк, поради пандемијата со коронавирусот.

Мразокршачот ќе биде изграден на бродоградилиштето Звезда од компанијата Rosatomflot.

Идејата за овој мразокршач е зачната во 2016 година и тој ќе ги надмине сите постоечки, дури и они кои сега се во изградба. Првиот мразокршач од оваа група е наречен Arktika и е во фаза на тестирање. Уште два брода од овој тип ќе бидат претставени во наредните две години.

Arktika може да крши лед со дебелина од 3 метри, а идниот Lider со дебелина до 4,3 метри. На море ќе може да остане 8 месеци без потреба од влегување во пристаниште. Силата на Lider е 120 MW, додека на Arktika и останатите 60 MW.

Димензиите на идниот мразокршач се исто така импресивни, ќе биде долг 200 метри, висок околу 40 метри и ќе има 13 ката.

Задачата на двата типа мразокршачи ќе биде да прават пат низ ледот за послабите бродови на рускиот Северен морски пат, пишува Russia Today.

Изградбата на Lider ќе чини околу 1,7 милијарди долари. Русија планира да направи три вакви мразокршачи и нивно вклучување во флотата до 2023 година.

Коронавирус