сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 86
home Вести

Русија ја регистрираше четвртата вакцина, еве колку е ефикасна „Спутник лајт“

Русија ја регистрираше четвртата вакцина, еве колку е ефикасна „Спутник лајт“

Рускиот Фонд за директни инвестиции објави дека ја регистрираше четрвртата вакцина развиена  во земјата против коронавирус.

Станува збор за еднокомпонентна вакцина под името „Спутник лајт“.

Вакцината која ја развил Истражувачкиот институт Гамалеја има ефикасност од 79,4 проценти, а се тврди дека вакцината го зголемува степенот на заштита кај оние кои имаат антитела за 40 пати.

„Спутник лајт“ може да се чува шест месеци во замрзната форма и еден месец во течна состојба, соопшти државниот регистар за фармацевтски производи на руското Министерствто за здравство.

Се напоменува дека смрзнатата вакцина треба да се чува подалеку од светлика на температура која не е повисока од -18 степени, додека течната варијатна треба да се чува на температура од 2- степени.

Првата руска вакцина против Ковид-19 „Спутник В“ развиена од истиот институт е регистрирана во август 2020 година, „ЕпиВакКорона“ е развиена од Векторскиот истражувачки центар во октомври 2020 година и вакцината „КовиВак“ на 20 февруари.

Русија сега има четири вакцини против Ковид-19 и произвела 31,9 милиони дози.

ЕУРО 2020

Македонија