четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 240
home Вести

Русија избра 50 доброволци војници за тестирање вакцина против Ковид-19

Русија избра 50 доброволци војници за тестирање вакцина против Ковид-19

Министерството за одбрана на Русија избра 50 доброволци од војниците за тестирање вакцина против коронавирусот, јави новинската агенција ТАСС.

Министерството соопшти дека 50 војници, вклучително и пет жени, биле избрани и изразиле желба да учествуваат во тестирање на безбедноста и ефикасноста на вакцината против коронавирус.

Сите кандидати минале претходни проверки и тестови, а никој од нив не бил болен во претходниот месец.

Војниците кои ќе учествуваат во тестирање на вакцината доаѓаат од различни единици низ целата земја.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека Институтот работи на развој на вакцина против коронавирусот, дека претклиничките истражувања ќе бидат спроведени до 1 јуни, а клиничките истражувања треба да завршат до крајот на јули.

Парламентарни избори 2020