вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 45
home Вести

Русија ги приземји сите „Сојузи“, можно одложување и на испораките на МВС

Русија ги приземји сите „Сојузи“, можно одложување и на испораките на МВС

Високиот официјален претставник на руската вселенска агенција „Роскосмос“ Сергеј Крикаљев денеска изјави дека Русија би можела да го одложи планираното испраќање товар без човечки екипаж на Меѓународната вселенска станица (МВС) по вчерашната хаваријата.

Следното обновување на залихите на „Роскосмос“ е планирано за крајот на овој месец, но авионот без човечки екипаж „Прогрес“, кој треба да пренесе храна и други работи на астронаутите на МВС го користи истиот ракетен систем како и авионот „Сојуз“, кој учествуваше  во неодамнешниот инцидент.

Крикаљев за руската државна телевизија потврдил дека сите ракетни летала „Сојуз“ ќе бидат приземјени додека истрагата не ја утврди причината за хаваријата.

Генералниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин претходно изјави дека астронаутите, кои имаа хаварија со руската вселенска ракета во воздухот, ќе летаат повторно и дека засега нема промена на планот до следната пролет да бидат упатени кон Меѓународната вселенска станица.

Рогозин ова го изјавил еден ден откако астронаутите Алексеј Овџињин и Ник Хејг го преживеаја драматичното принудно слетување во Казахстан, откако откажа работата на ракетата „Сојуз“, која требаше да ги однесе во МВС.

Тој денеска на Твитер објави фотографија на која е прикажан како седи покрај двајцата астронаути и напиша дека тие пристигнале во Москва.