петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Вести

Русија бара од САД да го ратификуваат Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни проби

Русија бара од САД да го ратификуваат Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни проби

Москва го повикува Вашингтон да ја преиспита својата одлука да не го ратификува Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни проби (СТВТ), изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Ги повикуваме САД да ја променат одлуката рефлектирана во нуклеарната доктрина на земјите да не го ратификуваат тој договор,изјави Рјабков.

Сеопфатниот договор за забрана за нуклеарни проби беше одобрен од Генералното собрание на ОН на 24 септември 1996 година и забранува тестирање нуклеарно оружје или каква било друга нуклеарна експлозија на кое било место во светот.

Досега, 166 земји, вклучително и Русија, го ратификуваа договорот.

Сепак, тој не стапи во сила затоа што не беше ратификуван од САД, Кина, Египет, Израел и Иран, додека Индија, Пакистан и Северна Кореја дури и не го потпишаа договорот.