вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 134
home Вести

„Роверот“ бил превртен, очевидци му помагале на принцот Филип да излезе од него (ВИДЕО)

„Роверот“ бил превртен, очевидци му помагале на принцот Филип да излезе од него (ВИДЕО)

Принцот Филип, 97-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета Втора, имаше сообраќајна несреќа во близина на имотот Сандрингам, источно во Англија, но не е повреден, соопшти Багингемската палата.

-Војводата од Единбург попладнево учествуваше во сообраќајна несреќа со други возила. Војводата не е повреден. Несреќата се случи во близина на имотот Сандрингам, се наведува во соопштението.

Тој возел Ренџ Ровер и излетал од патот во близина на кралскиот имот Сандрингам. Во сообраќајката учествувало уште едно возило, во кое имало две лица и тие со помали повреди се пренесени во болница.

Очевидци му помогнале на војводата од Единбург да излезе од превртениот Ровер.

Тој бил свесен, но многу шокиран и потресен.