четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Роули: Велика Британија се соочува со се поголем десничарски тероризам

Роули: Велика Британија се соочува со се поголем десничарски тероризам

Шефот на антитерористичката служба на Велика Британија Марк Раули изјави дека во државата има се поголема опасност од десничарскиот тероризам.

– Десничарскиот тероризам е се позначаен и претставува се поголем предизвик, поголем отколку што му се обрнува внимание во јавноста, истакна Раули.

Според него, до пред две години активноста на десничарите била ограничена на непријатни протести и кривични дела направени од омраза, додека сериозните инциденти се припишувани на поединци, меѓутоа разузнавачката служба МИ5 сега ги истражува десничарските активности.

Тој предупреди дека британските десничарски групи бараат да се поврзат со меѓународниот екстремизам.

Роули рече дека во последните 18 месеци во Велика Британија е присутна домашна, неонацистичка организација, која заговара супермација на белата раса и која има амбиции како и која било друга терористичка организација посветена на насилство.

– Тоа треба сите да не загрижи, потенцира Роули и додаде дека во Британија минатата година се изведени пет терористички напади, меѓу кои и нападот изведен од еден маж, кој со автомобил влета во група муслимаски верници, а кај него е пронајден и пропаганден материјал на десничарите.

Коронавирус