петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Вести

Рот: ЕУ со заедничка позиција кон Русија

За германскиот весник „Велт“, Рот рече дека санкциите на ЕУ против Русија треба да се одржат, но со цел Русија да се доведе на преговарачка маса.
Рот: ЕУ со заедничка позиција кон Русија

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот ја повика денеска Европската унија да усвои единствен фронт кон Русија, со цел намалување на тензиите.

За германскиот весник „Велт“, Рот рече дека санкциите на ЕУ против Русија треба да се одржат, но со цел Русија да се доведе на преговарачка маса.

– Санкциите не се цел сама за себе, оцени германскиот министер.

– Тие треба да ги охрабрат луѓето да се вратат на преговарачката маса, да работат на усвојување разумни решенија. Антируските рефлекси се опасни, како што е опасна и наувната релативизација на националистички обоената политика на руските власти, оцени Рот.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вчера предупреди дека не треба да се демонизира Русија и укажа на „галопирачкото отуѓување“ на Москва и западните земји.

(Миа)