понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

РОМАНИЈА КЛЕКНУВА ПРЕД КОРОНАВИРУСОТ: Останаа само уште шест кревети на интензивна нега во земјата

РОМАНИЈА КЛЕКНУВА ПРЕД КОРОНАВИРУСОТ: Останаа само уште шест кревети на интензивна нега во земјата

Романија во моментов има само шест слободни кревети на одделите за интензивна нега за пациенти со ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Влад Воикулеску.

Тој вели дека неколку пати предупредувал дека ситуацијата е критична и дека веќе три месеци се обидуваат да најдат решенија, пренесува романската агенција Адјерпрес.

– Со министерска наредба 555, ја реорганизиравме болницата Ковид, така што пациентите имаат пристап до соодветна грижа. Не зборувам само за пациенти со ковид-19, туку и за сите пациенти. Во моментот во земјата има само шест кревети на интензивна нега, шест слободни кревети – рече Воикулеску.

Според него, во моментов 11.875 возрасни пациенти и 94 педијатриски пациенти се хоспитализирани со ковид-19 во романските болници.

Во одделите за интензивна нега во Романија има 1.513 возрасни пациенти, а на педијатриски 16 пациенти се на интензивна нега, од кои четворица во моментов се интубирани, рече министерот.

Коронавирус