среда, 2. декември 2020. Вести денес: 212
home Вести

Рохани му се извинил на Зеленски за урнатиот украински авион крај Техеран

Рохани му се извинил на Зеленски за урнатиот украински авион крај Техеран

Иранскиот претседател Хасан Рохани и се извинил на Украина за соборениот украински патнички авион во близина на Техеран, информира украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Двајцата претседатели имале телефонски разговор, соопшти прес службата на шефот на украинската држава.

„Рохани се извини за трагедијата, која однесе животи на 176 лица. Претседателот на Иран целосно признава дека до трагедијата дојде поради погрешни дејствија на војската во нивната земја”, се наведува во соопштението на украинското претседателство.

Зеленски на Рохани му соопштил дека инсистира Иран под итно да го заврши идентификувањето на телата на загинатите во инцидентот.

„За нас е исклучително важно следната недела, до 19 јануари,  телата на загинатите да бидат вратени во Украина, за да можат роднините да се збогуваат со нив“, подвлече украинскиот претседател.

Коронавирус