среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Вести

Родителите на Матео Ренци осудени за финансиски измами

Родителите на Матео Ренци осудени за финансиски измами

Италијански суд ги прогласи родителите на поранешниот премиер Матео Ренци за виновни за издавање лажни сметки и ги осуди условно на една година и девет месеци.

Тициано Ренци и Лора Боволи, двајцата во 70-ти години, беа прогласени за виновни за издавање лажни сметки за вкупно 160.000 евра во 2015 година преку две мали компании.

И двајцата ги негираа обвиненијата, а нивниот адвокат Федерико Багатини рече дека ќе ја обжали пресудата.

Родителите на Ренци кратко време беа во куќен притвор во февруари во врска со посебна истрага за обвиненија за измама за лажен банкрот и издавање лажни фактури во име на трета компанија.