вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 63
home Вести

Родила идентична тројкa, само по едно ги разликува

Родила идентична тројкa, само по едно ги разликува

Беки Ален, 23-годишна мајка од Ливерпул, донесе на свет идентична тројка, за што веројатноста е 1: 200 милиони – синовите на Роко, Роман и Рохан.

Самата информација за Беки дека носи тројка бил голем шок за неа, а откако дошол ДНК-тестот и потврдил дека станува збор идентични момчиња, на нејзината среќа немаше крај.

И покрај тоа што сите шпекулираат дека децата биле зачнати со вештачко оплодување, Беки тврди дека сè било природно и затоа шансата за такво нешто да се случи е еден наспрема 200 милиони.

Сепак, новота мајка вели дека таа нема проблем да ги препознае, иако тие се исти.

– Кога тие беа новороденчиња, беше тешко, но јас никогаш не ги мешав. Сите имаат бенки кај веѓите, на Роман е малку потемна од другите, Рохан има и една на ногата, па се сеќавам на нив. Лекарите се зачудија кога видоа дека се идентични и ми кажаа за неверојатната шанса да се случи тоа, вели Беки.

Таа се породи со царски рез, а пред три години ја донесе својата ќерка Индијана на свет.

– Рохан е најгласниот, секогаш нешто вика. Роко, од друга страна, е целосно опуштен, но знае да се забавува, додека Роман е себичен и не сака да споделува. Тие секогаш одат по иста играчка и се обидуваат да ги достигнат пред своите браќа. Индијана ги сака и воопшто не е љубоморна, иако мислам дека ќе и биде тешко да расне со тројца браќа “, рече таа.

Овие три момчиња трошат 130 пелени неделно и четири кутии марамчиња, додека млечна формула им трае околу два дена и машината за перење работи постојано.

Коронавирус