недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Родила бебе на дрво: Бегајќи од поплава со 2-годишниот син и штотуку родено бебе поминале два дена држејќи се за гранки (ВИДЕО)

Родила бебе на дрво: Бегајќи од поплава со 2-годишниот син и штотуку родено бебе поминале два дена држејќи се за гранки (ВИДЕО)

Жена се породила на стебло манго, бегајќи од поплава во Мозамбик која ја предизвика циклонот Идај.

Амелиа на свет ја донела својата ќерка Сара, додека заедно со двегодишниот син цврсто се држеле за гранки. Семејството после два дена поминати на дрво ги спасиле соседите.

„Немав друг избор освен со синот да се качиме на дрво кога почна водата да надоаѓа во куќата. После неколку часа ја родив ќерка ми на врвот од манго дрво. Бев потполно сама со двете деца“ раскажала Амелиа.

Малото семејство останало на дрвото повеќе од два дена, а кога водата почнала да се повлекува, соседите успеале некако да дојдат до нив.

Тие засега се сместени во инпровизиран центар за прифаќање на жителите на кои домовите им се уништени.

Во поплавите животите ги загубија над 700 лица.

Коронавирус