понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 58
home Вести

Роберт Редфилд: Ова може да биде најлошата есен што сме ја виделе поради Ковид-19 (ВИДЕО)

Роберт Редфилд: Ова може да биде најлошата есен што сме ја виделе поради Ковид-19 (ВИДЕО)

Директорот на Националниот центар за контрола и спречување заразни болести, д-р Роберт Редфилд, изјави дека САД се во војна против коронавирусот и апелираше до Американците заедно да одат во војна против таа болест.

– Барам едноставна работа од вас: носете маски, држете физичко растојание, мијте ги рацете и бидете мудри на јавни места. Не барам индивидуални Американци да го сторат тоа, но апелирам до сите нас да се однесуваат така…Ова е една од оние интервенции кога 95 отсто до 99 отсто од луѓето треба да го сторат тоа за да функционира, нагласи д-р Редфилд, јави Си-Ен-Ен.

Директорот Редфилд ги повика Американците да се подготват за „тешка есен каква што не сме виделе“ и да планираат да се вакцинираат против сезонскиот грип.

– Искористете го значајниот подвиг на американската наука и примете ја сезонската вакцина против грип, затоа што тоа ќе ги заштити вашите деца, рече д-р Редфилд, додавајќи дека тој е умерено оптимист дека американската вакцина против коронавирусот ќе биде достапна на почетокот на следната година. (МИА)

Коронавирус