сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 70
home Вести

РКИ: Во Германија најголем број „увезени“ слуачаи со Ковид-19 се од Косово

РКИ: Во Германија најголем број „увезени“ слуачаи со Ковид-19 се од Косово

Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох (РКИ) подготви листа на земји во кои се заразиле најголем број Германци.

РКИ наведува дека од средината јуни, по пртвото отворање на границите, забележан е раст на лица кои се заразиле со новиот коронавирус додека престојувале во среанство.

Пред „затворањето“ во средината на март, уделот на увезени случаи, според РКИ, изнесувал 46 проценти, а по затворањето на границите истиот се намалил на 0,4 отсто. По отворањето на границите, уделот на „увезени“ случаи повторно се искачи на 31 процент.

На прво место на листата од 15 држави, се наоѓа Косово, од каде 1.096 лица го „донеле“ вирусот во Германија. На второ место е Турција со 501 случај, а потоа Хрватка со 260.

На четврто место е Србија со 196 случаи, Бугарија – 166, БиХ – 156, Романија со 113, Полска – 112, Шпанија – 107,  Македонија – 92, Албанија – 86, Холандија – 50, Австрија – 44 и Франција и Украина со по 43 сличаи.

Германските власти не знаат зошто е висока бројката на инфицирани повратници од Косово, но претпоставуваат дека тоа е поради тоа што голем број муслимани од Германија отпатувале во земјата на потекло за празникот Бајрам.

Од 8 август е во сила задолжителното тестирање на лицата кои се враќаат во Германија од ризичните региони, како и двонеделен карантин. (МИА)

Коронавирус