четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 1
home Вести

Рјабков: Нема напредок во руско-американските односи

Рјабков: Нема напредок во руско-американските односи

Односите меѓу Москва и Вашингтон не напредуваа во ниту една област во последните години, со ретки исклучоци, а американските политичари не ја гледаат Русија како партнер, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на онлајн форумот „Примаков Ридингс“.

– За жал, ние во основа не можеме да именуваме ниту едно поле на билатерални односи и пристап на Москва и Вашингтон кон меѓународните прашања, со ретки исклучоци, каде што е постигнат јасен и видлив напредок во последните години, рече Рјабков.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, рускиот дипломат вели дека тоа била единствената ситуација за време на подолг период на руско-американски или советско-американски односи.

Според него, во моментот американските власти ја гледаат Русија како политички проблем и не разгледуваат можност за партнерство со Москва, дури и на минимална агенда.

– За жал, нема сомнение дека Русија се смета за негативен фактор во американскиот домашен контекст, посочи Рјабков. (МИА)

Коронавирус