четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 129
home Вести

Ризикот од втор бран на Ковид-19 во Европа е умерен до висок

Ризикот од втор бран на Ковид-19 во Европа е умерен до висок

Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција на болестите, Андреа Амон денеска изјави дека не е завршена пандемијата со новиот коронавирус и оти од умерен до висок е ризикот за појава на втор бран.

– Иако има тренд на опаѓање на инфекцијата со Ковид-19 во Европа, потребни се дополнителни напори за ограничување на ширењето на инфекцијата, посочи Амон.

Таа повтори дека е потребно да се почитуваа препораките за физичка дистанца, одржување на личната хигиена и да се внимава при кашлање и кивање.

– Во пресрет на сезоната на летни одмори, кога земјите-членки на Европска Унија ги намалуваат ограничувањата, постои ризик луѓето да не се придржуваат до препорачаните мерки, посочи Амон.

Коронавирус