понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 18
home Вести

Ризична операција со среќен крај: Исчезнатите тајландски момчиња, по девет дена, пронајдени живи

Ризична операција со среќен крај: Исчезнатите тајландски момчиња, по девет дена, пронајдени живи

По деветдневна потрагата пронајдени се живи 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои беа исчезнати во поплавена пештера во Тајланд.

Локалните власти соопштија дека тринаесетемината се спасени по обемната спасувачка операција во пештерата Там Луанг во областа Чијанг Раи.

Момчињата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер исчезнаа на 23 јуни, откако по обилните дождови нивото на водата беше зголемено и тие се нашле заробени во пештерскиот систем.

Операцијата за нивното спасување беше ризична и сложена поради надојдената вода и големи количества кал.