петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ријалити ѕвезда нов министер за образование и наука на Данска

Ријалити ѕвезда нов министер за образование и наука на Данска

Премиерот на Данска, Ларс Локе Расмусен го реконструираше својот кабинет, а меѓу новите членови на Владата е и ѕвезда на деловното реално шоу.

За нов министер за образование и наука е именуван Томи Ашлер, кој има мало политичко искуство, но на јавноста му е познат по данската верзија на „Шарк тенк“, емисија во која учесниците размислуваат за деловни идеи.

Реконструкцијата на Владата уследи откако двајца министри од Либералната партија на Расмусен поднесоа оставки. Сорен Пинд поднесе оставка од функцијата министер за образование и наука со образложение дека по долги години во политиката веќе нема мотивација.

Оставка поднесе и министерот за заштита на животната средина Езбен Лунде Ларсен, но без образложение, а не негово место е именуван Јакоб Елеман Јансен.

Во новата Влада е и Ева Кјер Хансен, која е именувана за министерка за рибарство, еднаквоста на половите и Нордиска соработка.

Расмунсен вторпат е избран за премиер во 2015 година и покрај тоа што неговата партија не освои најголем број гласови.

МИА

Коронавирус