вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Риба уби рибар во Австралија

Риба уби рибар во Австралија
фотоилустрација

Еден рибар почина, откако голема риба скокнала во чамецот од каде ловел, го удрила мажот по градите и го убила, соопшти денеска полицијата на австралиски Северни територии.

Рибарот (56) вчера ловел риба со пријателите и семејството од брод, во близина на главниот град Дарвин, кога рибата неочекувано скокнала во пловилото, појасни полицијата.

Властите наведоа дека по ударот, ловекот само паднал, по што веднаш бродот се уптаил до Кулен Беј, но таму било констатирано дека тој починал на самото место. Полицијата вели дека ова бил исклучително стресен инцидент за сите на бродот.

Коронавирус