понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Резултати од претседателските избори во Авганистан на 14 ноември

Резултати од претседателските избори во Авганистан на 14 ноември

Авганистанските власти, по неколку одложувања, соопштија дека резултатите од претседателските избори одржани кинатиот месец, ќе бидат објавени на 14 ноември.

Шефот на Независната изборна комисија Хава Алам Нурисати изјави дека прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 14 ноември.

Од изборите одржани на 28 септември, комисијата се соочи со обвинувања за манипулации при гласањето, а имаше и технички проблеми со преносот на гласачките ливчиња и податоците од биометрискиот систем.

Два дена по изборите на 28 септември, победа прогласија и актуелниот претседател Ашраф Гани и премиерот Абдула Абдула. Гани и Абдула исто така беа фаворити и на претходните избори во 2014 година, после кои следуваа бурни месеци затоа што меѓусебно се обвинуваа за измама.

Право на глас имаа околу 9,6 милиони луѓе кои избраа меѓу 18 кандидати.

Гани и Абдула ја делат власта веќе пет години во владата на национално единство која беше создадена по изборите во 2014 година, кои ги окарактеризираа обвинувања за измама и корупција.

Ако ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 проценти од гласовите, ќе се одржи втор круг претседателски избори.