четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 128
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Режисер убиен додека снимал филм за ФАРК

Режисер убиен додека снимал филм за ФАРК

Колумбискиот режисер Маурисио Лезама е убиен при снимањето краткометражен документарен филм за жртвите на насилство на североистокот на Колумбија. Убиство се случило во градот Аракита, во околијата Араука.

Колумбиските власти соопштија дека Лезама вчера ги слушал сведочењето на луѓе засегнати од граѓанската војна.

Гувернерот на околијата, Рикардо Аревало како одговорни за убиството ги посочи одметнатите групи од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кои ја отфрлија мировната спогодба потпишана 2016 година меѓу таа организација и Владата на Колумбија.

Документарниот филм е посветен на убиството на медицинска сестра во таа област.

Араука е важен центар на трговија со дрога и криумчарење. Тука се активни како остатоците на ФАРК, така и припадници на Армијата на национално ослободување (ЕЛН), последните активни герилски групи во Колумбија.

Коронавирус