вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 16
home Вести

Револуционерно: Научници веруваат дека ја пронашле „Ахиловата пета“ на ракот

Револуционерно: Научници веруваат дека ја пронашле „Ахиловата пета“ на ракот

Тим истражувачи предводен од научниците од Универзитетот Тел Авив соопшти дека можеби ја откриле „Ахиловата пета“ на ракот, што во иднина би можело да доведе до целосно нов спектар на лекови и третмани против оваа подмолна болест, пишува „The Jerusalem Post“.

Научниците веќе повеќе од еден век знаат дека малигните члетки имаат абнормален број на хромозоми. Луѓето имаат 46 хромозоми (два пара по 23), но кај ракот оваа бројка се менува бидејќи за време на поделбата на клетките се случува сегрегација на хромозомите која може да доведе до феноменот наречен анеуплодија, присуство на абнормален број на хромозоми во клетката.

Анеуплодијата не само што предизвикува вообичаени генетски пореметувања туку е и знак за присуството на клетките на рак. Не секој рак доведува до анеуплодија, но тоа до извесен степен важи за околу 90 проценти од цврстите тумори и 75 проценти за ракот на крвта.

Др. Ур Бен Давид од Универзитетот Тел Авив, водичот на истражувањето, вели дека нивното откритие отвара целосно нов пат за медицинските истражувања.

„Со децении се обидуваме да разбереме зошто анеуплодијата се случува кај ракот и како тоа допринесува за формацијата и прогресијата на туморот“, изјави тој.

„Поважно од тоа е дали можеме да ја искористиме оваа прилично уникатна разлика меѓу клетките рак и нормалните клетки со цел селективно да ги убиеме клетките рак“, нагласи тој.

Новата студија, објавена во магазинот „Nature“ е спроведена во лабараторијата на Универзитетот Тел Авив во соработка со уште шест во четири други земји – САД, Германија, Холандија и Италија.

„Генералната визија е дека со разбирањето на кој начин овие анеуплоидни клетки се разликуваат од нормалните и со детектирањето на „Ахиловата пета“ на анеуплоидните клетки, ова би можел да биде вистинскиот начин за селективно убивање на клетките на ракот“, изјави Др Бен Давид.

Новото истражување има важни импликации за идните третмани на рак и медицината. Во моментов постојат неколку лекови кои го спречуваат или одложуваат одвојувањето на хромозомите на клиничките истражувања, но научниците не успеаа да идентификуваат кои пациенти би реагирале на нив, а кои не. Студијата на Бен Давид укажува дека анеуплодијата може да им помогне на научниците да ја откријат реакцијата на поединци на тие лекови.

Понатаму, ова може да доведе до развој на поефикасни третмани за ракот во иднина, бидејќи лекарите би можеле да ги тестираат пациентите за анеуплоидија и соодветно да го утврдат третманот.

Д-р Жаел Коен Шарир, водечки автор на студијата што ја води лабораторијата на Бен Дејвид, рече дека истражувањето е револуционерно.

„Анеуплоидијата е многу, многу тешка да се изучува. Влијае на многу гени одеднаш“, истакна таа.

Бен Дејвид истакна дека ова е прв пат анеуплоидијата систематски да се проценува во човековите клетки со рак.

„Затоа ова е голем чекор напред“, изјави тој.

ЕУРО 2020

Македонија