понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 19
home Вести

Републиканците предлагаат стмулативни мерки во висина од еден трилион долари

Републиканците предлагаат стмулативни мерки во висина од еден трилион долари

Американските републиканци поднесоа предлог за уште едни стимуилативни мерки во висина од еден трилион долари поради епидемијата со новиот коронавирус.

– Американскиот народ има потреба од помош, изјави лидерот на републиканското мнозинство Мич Мек Конел.

Додека сенаторот Чак Грасли наведе дека мерките предвидуваат да има уште една еднократна исплата од 1.200 долари за возрасните американски граѓани.

Гресли побара и на невработените лица, на кои им се исплаќа по 600 долари, да им се плати 70 проценти од последната плата пред да добијат отказ.

Додека демократите побараа пакет од околу три милијарди долари, вклучително и постојани неделни исплати за невработените лица од 600 долари, мерка што завршува за неколку дена.

Според републиканците таквиот пакет мерки е премногу скап.

Демократите ги обвинија републиканците дека се оддалечиле од претходно договорените мерки за ублажување на последиците од пандемијата.

Конгрес во март донесе пакет стимулативни мерки, кои со дополнителните стимуланси, достигнаа до речиси три трилиони долари.

Коронавирус