вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 8
home Вести

Републиканците официјално го номинираа Трамп за претседател на САД

Републиканците официјално го номинираа Трамп за претседател на САД

Делегатите на Републиканската партија на денешната Националната конвенција во Шарлот официјално го номинираа Доналд Трамп за кандидат на претседателските избори во САД на 3 ноември.

Претходно, официјално беше потврдена и номинацијата на Мајк Пенс за кандидат за потпретседател на САД.

Пандемијата на коронавирусот ги наруши плановите на демократите и на републиканците да одржат големи предизборни конвенции, но републиканците, со строги здравствени протоколи, успеаја да спроведат поскромен собир испраќајќи во Шарлот само шест делегати од секоја држава.

Демократите, од друга страна, сите собири ги одржуваа виртуелно.

Сепак, конвенцијата не завршува во Шарлот, бидејќи 336 делегати се поканети во Белата куќа во четврток за да гледаат во живо како претседателот Трамп ја добива номинацијата од неговата партија. ј

Коронавирус